Филипче: Државата нема правен механизам да издејствува поевтини услуги во приватните болници

Министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Ѓорче Петров во изјава за медиумите рече дека Државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените.

„Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика.

Филипче уште еднаш нагласи дека се очекуваат нови дози на вакцини до крајот на месецот, но не сакаше да прецизира за датум.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега