Филипче: Месецов сигурно ќе почне имунизацијата на населението

Во текот на овој месец сигурно ќе почне имунизацијата на населението, заради тоа што очекуваме, според најавите, една одредена количина преку Ковакс системот и ги очекуваме руските вакцини, имаме иницијална најава од денешните состаноци, дека тоа може да се случи викендов веќе в недела, но повторно ќе кажам сега имаме искуство, сите земји имаат искуство, сите се соочија со тоа, тоа што иницијално им беше ветено и укажана од компаниите едноставно да не се случи, нагласи вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на МРТ.

Тој посочи дека потребно е 60-70 проценти од населението да се вакцинира за да се постигне колективен имунитет.

– Во првиот квартал најавија околу 20.000 вакцини, понатаму до 800.000 вакцини распределени во следните три квартали. Навистина долго го чекавме договорот, но исто така сме свесни дека огромен број земји го прават буквално истото. Така да подготвени сме, системот е подготвен, тоа е нешто што е навистина важно, едуцирани се здравствените работници, тие кои директно работат со вакцинацијата и практично од 11 март ние започнуваме и со ревакцинција на сите здравствени работници коишто ја примија и првата доза на вакцината, нагласи Филипче.

Министерот за здравство во однос на тоа каква ќе биде ефикасноста на вакцините за новите соеви на корона вирусот, рече дека сега комапниите анализирааат и гледаат и оти нема потврда со сигурност каква ќе биде ефикасноста на вакцините за новите соеви.

– Затоа кога вака во квартали ги добиваме вакцините можно е да се случи производителите да ги сменат платформите на коишто се произведуваат вакцините, за да бидат ефикасни на потенцијалните нови соеви коишто би можеле да стигнат понатаму во текот на годината и затоа е развиен овој систем вака затоа што може да се случи фајзеровата вакцина којашто ќе доаѓа на крајот на годината едноставно да не биде истата со таа што е сега, зошто таа можеби ќе биде ефикасна на некој друг сој што тогаш ќе биде актуелен, не само кај нас, ова важи за буквално секоја земја во светот, рече Филипче.

Миностерот, на новинарското прашање за тоа да не се случи да чекаме веризија на вакцината што нема да биде ефикасна за она што се предвидува, нагласи дека станува збор за истите договори, за истите производители буквално, како што рече, сите коишто досега ги спомнав коишто е можно, во рамките на своето производство, заради тоа што ќе се утврди дека треба да се смени платформата на која што се прави вакцината, едноставно тие количини ќе бидат нешто поинакви од сегашните.

– Меѓутоа, процесот е веќе започнат. И дозволете да кажам дека што се однесува на руската вакцина тогаш кога иницијално ни пристапија претставниците на Руската амбасада клиничките студии се уште не беа завршени. Во однос на другите компании уште во месец декември ние ги започнавме разговорите и навистина тоа е процес којшто трае. Разговорите со Фајзер ги започнавме во месец декември. Во првиот момент кога ни кажаа, тоа беше пред два месеци дека можно е и дозволија нашата земја да направи договор со таа компанија почна размената на информации, одговори и прашања за да дури сега после два месеци ние го добиеме драфт договорот. Значи, ние почнавме сосем навремено да комуницираме, да преговараме. Направивме дури и измена во Законот нешто што го бараа одредени компании, Фајзер на пример конкретно за да се олесни понатаму процедурата така што навремено пристапивме. Како ни се отвораа можностите така отворено и транспарентно прво ја известувавме јавноста и така го димензиониравме и нашиот план, потенцираше Филипче.

Министерот за здравство нагласи дека на некои работи едноставно не можеле и не можат да влијаат, а причината, како што рече, е многу јасна.

– Нема доволно вакцини во овој момент насекаде во светот, не стигнуваат ниту со потребната ниту со посакуваната динамика од страна на секоја земја. Сликата ќе биде драстично поразлична во вториот квартал заради тоа што значајно ќе се зголемат и сите производствени капацитети, изјави Филипче.

Министеорот, во однос на Ковакс системот, односно вакцината на Астра Зенека наведе дека првата компанија која што ќе испорача вакцини преку Ковакс механизмот е Астра Зенека.

– Тоа што последно ни е стигнато како информација е дека 20 до 30 проценти од тие 100 до 170 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал, тоа значи во месец март. И тоа е тоа што беше споделено во изминатиот период, така што тоа се нашите очекувања согласно сите информации коишто ги добиваме од производителите. Повторно ќе кажам, можно е да има некаква промена, можно е да споделиме некаква нова информација согласно тоа што нас ни стигнува како информација, меѓутоа очекувам дека во вториот квартал согласно сите насоки, најави од буквално сите производители веќе овој процес ќе биде поинаков, веќе количините ќе бидат значајно повеќе на располагање поради поголемо производство, посочи Филипче.

Министерот за здравство истакна дека сепак станува збор за нов продукт,  што буквално секаде во светот се бара.

– Огромен е притисокот. Во секојдневните разговори со претставниците на Фајзер ние комунициравме со претставништвото во Белград кое што е одговорно за целиот овој регион Адриатик регионот со Хеткотерс во Северна Италија ни укажуваа дека стотици договори се на масата на Фајзер во адвокатската канцеларија во Њујорк. И сите тие прават притисок и сите тие очекуваа многу, така што мислам дека со ова веќе најавите и согласно веќе најавите за зголемено производство нема да има проблем. Се надевам дека нема да има измена во тоа и еве една дополнителна причина да веруваме, рече Филипче.

Министерот околу зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19 рече оти поради подобрувањето на временските услови мерките не се почитуваат.

– Најпрво да кажам дека дека изминатата година во месец декември кога се случи вториот силен бран. Тој се должеше на една мутација на вирусот, што беше застапена во многу мал процент од случаите, што значи дека на едно нешто поагресивна форма од онаа што до тогаш била застапена во нашата земја, а за прв пат идентификувана кон крајот на летото и се случи есенскиот бран. Па имаме сега стабилизација во изминатиот период со релативно мал број на новодијагностицирани пациенти по 200-300 во текот на денот за сега повторно да имаме зголемување на новодијагностицирани случаи. Сметам дека тоа се должи на две работи, не само на присуството на британскиот сој на вирусот за кој што има веќе и научни сознанија дека е полесно пренослив, а со самото тоа е можно да и формата на болеста, иако ова не е дожано, да биде потешка, затоа што е повирултент, меѓутоа сметам дека и со тоа што е времето нешто поубаво не се почитуваат и мерките, посочи Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа