Филипче: Новите заболени потекнуваат од непочитување на мерките

Министерот за здравство Венко Филипче во денешниото гостување во отвореното студио истакна дека државата навремено реагирала на почетокот на епидемијата на коронавирусот.

„Сите здравствени работници одлично одговорија на предизвикот, и тие и епидемоиолозите и сите други лекари и медицински сестри на одругите оделенија кои по сстемот на ротација им помагаа на колегите“ - рече Филипче.

Филипче потенцираше дека ова е фаза од епидемиолошката крива со која се соочуваат сите земји. Ситуацијата стивнува и е под контрола, зошто се вовеле рестриктивни мерки. Тие мерки се воведувале по препораки на Комисијата за здравствени болести. Рече дека вирусот нема тала брзо да го смена, но се настојува со мерките да се запре неговото ширење.

„Новите заболени потекнуваат од непочитување на мерките. Многу  е важна високата свест и да се делува превентивно, зошто станува збор за сериозна и тешка болест. Многумина стануваат свесни откако ќе заболи некој од семејството. Мора да се носат маски и да се почитува дистанца. Мерките даваат ефект кога се почитуваат и кога институциите детектираат неправилности и мора да ги санкционираат. Сведоци сме дека има групирање и неносење на маски и тука институциите мора да  реагираат.“ - рече Филипче.

Филипче додаде дека кластерите се познати и главно тоа се заразени од групни собирања и дека има луѓе кои во Струга одат на преглед со белодробни наоиди. Потенцираше дека секој град каде не се почитуваат мерки, може да стане жариште.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега