Филипче објави фотографија од тимот на кардиохирурзи пред да изведат прва трансплантација на срце: „Им држиме среќа“

Во гостувањето на ТВ 24, министерот за здравство Венко Филипче откри дека во Македонија за првпат вечерва ќе се изведе операција со трансплантација на срце.

„Имаме вечерва трансплантација на срце, имаме донатор, родителите од една почината девојка, а имеме и пациент кој подолго време чека таква операција. Ова се организира на Клиниката за кардиохирургија. Во овој момент се спремаат и во следните часови ќе започне зафатот. Единствен спас за овој пациент да го спасиме е трансплантацијата. Ќе го видиме исходот, со оглед дека сепак е ризичен потег, но очекувам се најдобро.“- изјави Филипче.

Тој сега објави фотографија од тимот кој ќе ја изврши трансплантацијата.

„Тимот од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) се подготвува за трансплантација. Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите“, напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега