Фон дер Лаен се вакцинираше, а денеска откри и кој вакцина ја примила

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вчера ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19, но во првичното соопштение, таа не објави за која вакцина станува збор.

Подоцна, нејзината портпаролката напиша дека Фон дер Лаен ја примила вакцината на „Фајзер“.

Претседателката на Европската комисија на „Твитер“ објави фотографија од вакцинацијата, а во прилог напиша дека ЕУ ја надминала бројката од 100 милиони вакцинации.

„Процесот дополнително ќе се забрзува бидејќи вакцините пристигнуваат побргу“, додаде Фон дер Лаен.

Таа заклучи дека побрзата вакцинација доведува до побрза контрола на пандемијата на Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа