(ФОТО) Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот додели комбе на џамија во Арачиново: „Не сте заборавено село“
Агенцијата за управување со одземен имот обезбеди и пушти во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново. Оваа информација ја соопшти директорот на Агенцијата, Дритон Небиу на социјалната мрежа Фејсбук.
„Општина Харачина не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука! “ напиша директорот на агенцијата, Небиу, на ФБ.
18.07.2023 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа