ФОТО: Двојна прослава во домот на Шеф Никола - семејството на едно место

Шеф Никола кој сите го засакаа о шоуто „Брза кујна“ кое се емитуваше на Сител телевизија, минатата година стана татко на својата прва ќерка Дариа.

Тој и неговата сопруга Стефанија имаа две причини за славење овие денови, а тоа е роденденот на Дариа и нејзината крштевка.

Семејството на социјалните мрежи сподели фотографии од фотосесијата направена по повод роденденот на ќеркичката.

„Биди секогаш насмеана и среќна ѕвездо мала. Една година заедно, но безброј моменти за радување. Твојот 1ви роденден и крштевка секогаш ќе останат дел од нашиот споменар“, напиша сопругата на Никола во описот на објавата.

Инаку, познатиот готвач од првиот брак има син.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега