ФОТО: Кристи во никогаш попровокативно издание - верувале или не, оваа жена има 66 години

Иако ја гази седмата деценија, Кристи Бринкли и ден денес воодушевува со изгледот.

Таа изгледа подобро и од многу помлади девојки, а фотографијата која ја објави на Инстаграм истото го докажува.

Манекенката позирала во црна долна облека и предизвикала лавина позитивни коментари, а за само неколку часа оваа фотографија добила над 50 илјади лајкови.

Ако се прашувате како ѝ оди од рака за да изгледа толку добро, постои одговор.

Иако има многу пари, тајната во нејзината младоликост не се сккапи третмани и естетски корекции, туку навика до која строго се придржува. 

„Се обидов со некои прилично чудни диети на почетокот, бидејќи мислев дека тие се клуч за добра линија. Се случуваше да пијам само сок во текот на денот или да јадам со денови една група намирници, а потоа сфатив дека тоа нема никаква поента и дека нема да постигнам добри резултати на долги стази“.

Клучот за виктката линија и убавата кожа е правилна и урамнотежена исхрана. Кристи е вегетаријанец и тврди дека токму овој начин на исхрана ѝ помогнал да го задржи убавиот тен и добрата форма. 

„Овој режим најмногу ми одговара, а пробав се. Забележав и дека и мојата кожа поубаво изгледа, дека тенот ми е изедначен и дека многу подобро се чувствувам“.

Покрај тоа таа вежба два пати неделно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа