ФОТО: Машина за чистење пропадна на плоштад „Македонија“

Машина за чистење пропаднала утрово откако се отворила дупка во плочникот на Плоштадот Македонија во Скопје, во непосредна близина на фонтаната Воин на коњ.

Во инцидентот нема повредени лица.

„Повикана е екипа на Министерството за внатрешни работи да изврши увид. Ова е резултат на неквалитетна изведба на плоштадот во времето на претходната власт во Градот. Не дај боже, може и граѓани да се повредат“, велат од Град Скопје.

Не е првпат да се случи вакво нешто на плоштадот. Во 2017 година додека се подготвуваше бината за пречекот на ракометарите на Вардар, тежок камион пропадна во предниот дел на фонтаната и ја искрши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 10:47
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа