ФОТО: Маж и жена ослабеле вкупно 190 килограми: После седум години, конечно добиле бебе

Дастин и Ракел со години сакале да станат родители, но секој обид бил неуспешен. Кога лекарите им откриле дека губењето на килограмите многу би им помогнало во тоа, брачната двојка одлучила да направи сѐ што е во нивната моќ. Дастин успеал да изгуби дури 140 килограми, а неговата сопруга 50 килограми.

Ракел исто така страдала од синдром на полицистични јајчници, состојба што им отежнува на жените да забременат.

Како успеале да ослабнат?

Дастин Во 2016 година започнал диета богата со висока содржина протеини и ниска содржина на јаглехидрати.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DUSTY (@dusty_lost_300lbs)

Во првите две и пол години тој успела да изгуби тежина од 215 кг на 98, а Ракел ослабела од 133 кг на 82 кг.

Во април 2020 година, Ракел дознала дека е бремена.

– Нашата тежина толку многу годининѐ спречуваше во тоа да имаме деца. Мило ми е што ослабнав толку многу, не би можел да бидам активен татко кога и понатаму би имал преку 200 килограми – изјави Дастин за „Дејли стар“.

– Седум години се обидувавме да добиеме бебе. Не можев да верувам кога ги здогледав двете линии на тестот за бременост – додала Ракел.

Брачната двојка го одржува својот изглед, така што наместо одење во ресторан, заедно одат на планинарење и редовно одат во вежбалница.

– Бев навистина многу неодговорен. Јас обично внесував околу 14.000 калории дневно. Постојано јадев брза храна и пиев неколку литри газиран сок секој ден – признал Дастин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DUSTY (@dusty_lost_300lbs)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега