ФОТО: Пожар во црква во Египет за време на миса, загинаа најмалку 35 лица

 

Најмалку 35 лица загинаа, а 45 се повредени во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавиле два безбедносни извори за Ројтерс.

Пожарот, најверојатно од електрични инсталации, избувнал кога 5.000 верници се собрале на миса во црквата Абу Сифин во областа Имбаба, предизвикувајќи стампедо, велат изворите. Повредените се хоспитализирани, соопштило Министерството за здравство.

Пожарот, според властите, сè уште не е изгаснат, јавуваат агенциите.

„Ги мобилизиравме сите државни служби за да се осигураме дека ќе бидат преземени сите мерки“, објави претседателот Абдел Фатах ал Сиси на Фејсбук.

Минатиот март, најмалку дваесет луѓе загинаа во пожар во текстилна фабрика во источното предградие на Каиро. Во 2020 година, два болнички пожари ги однесоа животите на четиринаесет пациенти.

Иако многубројни, Коптите сметаат дека се потиснати во општеството и ги осудуваат рестриктивните закони за изградба на цркви и многу полибералните закони за џамиите.

Темата е чувствителна, а коптскиот активист за човекови права Патрик Заки неодамна поминал 22 месеци во притвор за наводно ширење лажни информации за напис во кој наводно се разоткрива кршењето на христијанските права во Египет, пишува во написите.

14.08.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа