ФОТО: Права зима - на овие места вее во моментов

Како што беше најавено од УХМР, времето во земјава денеска ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Веќе започна да врне снег во неколку градови низ земјава.Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.

Еве на кои места вее најмногу:

Во среда ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег. Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено. Во петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега