ФОТО: Сестрата на Тоше Проески направи торта за неговиот роденден - „Сите те сакаме“

Сестрата на нашиот прерано починат Тоше Проески, вчера по повод неговиот 40. роденден направи торта украсена со розови цветови и порака „Те сакаме сите Тоше“, потсетувајќи на зборовите што тој постојано им ги кажуваше на неговите фанови „Сите ве сакам“.

Не е првпат семејството на Тоше да го одбележи денот на неговото раѓање со торта. Тие лани направија торта со детелина со четири листа, симболот на среќата, а претходно на гробот на Тоше на Гумење, Дора остави торта со порака „најмило мое“.

По повод денот на раѓање на Тоше, во Загреб завчера се одржа молитва, а вчера во Скопје, по 17. пат се организираше традиционална крводарителска акција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега