ФОТО: Времето надвор е само за сончање, а Коко најубаво го искористи тоа

Времето надвор е само за сончање, а Коко најубаво го искористи тоа, објави Зоо Скопје не Фејсбук споделувајќи фотографија од шимпанзото Коко.

Шимпанзото Коко, кое 10 години беше на ресоцијализација во Холандија, се врати во Зоолошката градина во Скопје во 2019 година заедно со уште три шимпанза.

Шимпанзата имаат големо живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели. Коко од 2009 година беше на ресоцијализација поради анксиозност и депресија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега