Фотографија која го заинтригира регионот - зошто Ѓоковиќ се шеташе бос на температура од 3 степени Целзиусови

 

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето Ролан Гарос, на изненадување на многумина, со сопругата Јелена отиде во Босна и Херцеговина.

Српскиот ас во моментов престојува во Сисоко, а негов домаќин е констроверзниот археолог Семир Османагиќ, основач на фондацијата „Археолошки парк: Босанска пирамида на сонцето“.

Новак, целиот ден вчера го помина во обиколка на аерхеолошкиот парк, пренесува „Аваз“.

Во вечерните часови, кога температурата се спуштила на 3 степени Целзиусови, Новак бил фотографиран како шета бос.

Оваа глетка ги заинтригира сите во регионот.

Дали станува збор за посебни полиња за медитација или нешто друго, не е познато, пренесува Аваз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега