Фотографија вредна 10 милиони лајкови: Роналдо и Георгина прегрнати- „Работата е завршена“

Во последно време на терен не му оди најдобро, па наместо головите во центарот на вниманието се најде поради фрлање на капитенската трака и слични 'испади', но Кристијано Роналдо може да се пофали дека на приватен план сè му функционира беспрекорно.

Славниот португалски фудбалер, првата ѕвезда на Јувентус, и неговата избраничка, Георгина Родригез, на социјалните мрежи објавија нова фотографија. Истата занеколку часа собра повеќе од 10 милиони лајкови.

Не треба ни да се споменува дека коментарите под фотографијата се позитивни, нивните фанови се пресреќни кога ги гледаат заедно.

А и како да не бидат кога Кристијано и Георгина на фотографијата се прегрнати и после напорната работа и заедничкиот тренинг.

„Работата е завршена“, е коментарот кој Роналдо го оставил под фотографијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа