Гасот за греење на Скопје ќе го обезбедиме од Србија

Гасот за греење на Скопје но и за производство на струја Македонија најверојатно ќе го набави од Србија. Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во Владата, претпладнево во „Студио 10“ на ТВ24 ја откри оваа информација.
Како што рече договор со „Макпетрол“ како трговец  не бил постигнат затоа што цената која ја нудел „Гаспром“ била екстремно висока.

„Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот“, истакна владиниот советник.

Како што изјави Андонов, во таква ситуација решение ќе биде Србија а гасот ќе го добиваме преку Бугарија.

„Ќе и платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за АД ТЕ-ТО за производство на електрична енергија“, рече Андонов 

28.09.2022 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега