Гавазова одлучи да подари 6 фустани кои имаат посебно значење за неа (ФОТО)

Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова важи за личност која постојано е средена од глава до пети и за човек кој секогаш ги прати модните трендови. Овој пак таа на социјалните мрежи реши да направи еден хуман гест, токму со нејзините парчиња облека.

Имено, таа одлучи да подари 6 фустани кои имаат посебно значење за неа.

Таа ги објави и правилата на играта.

„Овие прекрасни фустани кои се од посебно значење за мене ги подарувам на шест различни добитнички по случаен избор“ напиша Гавазова.

Нејзините ФБ пријатели веднаш побрзаа да означат некој за да добие фустан, додека други пак го пофалија овој гест на пејачката велејќи дека оној кој дава му се враќа и дека е ова прекрасен гест од неа, а некои и предложија следната година да размисли да подари фустани за матура, па пејачката одговори дека ќе размисли и за тоа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа