Георгиевски: Започнува авансната исплата на грантовите за млади земјоделци, инвестираме до домашното производство

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат со вистинска грижа и поддршка за земјоделците. За прв пат, воведуваме авансна исплата на грантовите наменети за  млади земјоделци. Почнувајќи од оваа година, младите земјоделци кои ќе аплицираат за грант, ќе бидат исплатени веднаш по склучување на договор за финансиска поддршка во висина до 40%, вели вели претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Гоце Георгиевски.

Георгиевски кажа дека грантовите се реализираат преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.

„Во време кога целиот свет се соочува со ограничени количини на храна и земјоделски производи Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презема навремени и ефикасни мерки за зголемување на домашното земјоделско производство. Обезбедени се повисоки субвенции за производителите на житни култури, се субвенционира нафтата за земјоделска механизација, набавката на вештачко ѓубре, а истовремено сето расположливо државно земјоделско земјиште се става на располагање на земјоделците“, кажа Георгиевски.

14.08.2022 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега