Германец се пофалил како влегол во Црна Гора: „Ставив 50 евра во пасошот и поминав“

Германски турист, 31-годишниот Даниел Реихерт, кој изјавил за црногорските  медиуми дека во Црна Гора влегол така што во својот пасош на граничниот премин ставил 50 евра, синоќа е лишен од слобода поради сомнение дека ги прекршил мерките на Националното координативно тело за заразни болести.

Според сознанијата на црногорските медиуми, заедно со него, зад решетки завршиле и неговите тројца пријатели со кои претходно престојувал во Косово, а потоа со автомобил влегол во Црна Гора.

Реихерт на инспекторите на улцињската полиција им рекол дека се шегувал кога рекол дека ставил пари во пасош и така влегол во Црна Гора.

И покрај тоа, истражувачите поради утврдување на сите релевантни факти, побарале земање на видео-снимка од граничниот премин Божај, преку кој тој со пријателите влегол во Црна Гора,

Тие на полицајците им рекле дека се во транзит и дека имаат намера да патуваат за Хрватска, но сепак завршиле во Улцињ. Претходно на граничниот премин Сукобин-Муриќан, не им било дозволено да влезат во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест на коронавирус.

Веднаш после објавата на снимката на порталите и социјалните мрежи, истражувачите ги идентификувале лицата и ги привеле синоќа во 22 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега