Германска новинарка се извалкала со кал па лажела дека помагала во чистењето на улиците по поплавите

На снимката се гледа Охлен како се наведнува, зема малку кал и става на облеката додека е окружена со оштетени улици и куќи уништени во поплавите. Потоа се наведнува уште еднаш, овој пат ставајќи кал и на лицето.

Германската ТВ репортерка Сузана Охлен (39) се извалкала со кал пред снимањето на една репортажа, преправајќи се дека помагала во чистењето на улица во Бад Мунстереифел по силните поплави кои во Германија однеле најмалку 170 животи, пишува "Daily Mail".

"RTL" објавил репортажа "Чистење по поплавите: Репортерка на RTL помага во Бад Мунстереифел", а набљудувач ја снимил репортерката дека непосредно пред снимањето се валка со кал и тоа го објавил на социјалните мрежи.

На снимката се гледа Охлен во сина кошула, шешир и чизми, како се наведнува, зема малку кал и се мачка по облеката додека е окружена од оштетени улици и куќи уништени во поплавите. Потоа се наведнува уште еднаш, овој пат ставајќи кал и на лицето. Се слуша како набљудувачот се смее во позадина додека репортерката се врти кој својата телевизиска екипа.

Од германски "RTL" изјавиле дека "пристапот на репортерката очигледно е во спротивност со новинарските принципи и нивните сопствени стандарди". Откако виделе што направила, ја отпуштиле.

Охлен за "RTL" работела од 2008-ма година во бројни емисии.

Потсетуваме, западот на Германија го погодиле обилни дождови кои предизвикале поплави и однеле 170 човечки животи. Уништени се и многу куќи и улици.

23.07.2021 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа