Глумецот Алек Болдвин не знаејќи пукал со вистински куршуми (ФОТО+ВИДЕО)

Глумецот Алек Болдвин бил испрашан од истражителите откако ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот на снимање филм. Инцидентот се случил за време на проба, објави Дедлајн, додавајќи дека „главниот член на актерската екипа... пукна со пиштол... несвесен дека во него има вистински куршуми“.

Халина Хачинс, која беше директор на фотографија, им подлегна на раните, додека режисерот Џоел Соуза „е на лекување за повредите“, соопшти Одделот на шерифот на округот Санта Фе.

 

Портпаролот на продукцијата за Дедлајн рекол дека инцидентот се состои од „грешка во пукање со реквизит-пиштол со ќор-фишеци“, инсистирајќи дека „безбедноста“ на актерската екипа е „главен приоритет“. Снимањето е прекинато, а филмскиот град е ставен во блокада поради инцидентот.

22.10.2021 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа