Град Скопје со демант: Шилегов нема да го вози 19-годишен возач

Градот Скопје ги демантира невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со наводни вработувања во градската администрација по партиски клуч и нагласуваме дека ова тврдење е лажно и манипулативно. Лажно е и тврдењето дека „во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов“, автомобилот што го користи градоначалникот Петре Шилегов нема да го вози 19-годишен возач.

Градот Скопје апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста и да шири паника и неизвесност меѓу граѓаните со измислени проблеми. Работата на градоначалникот Петре Шилегов и на Градот Скопје, како институција, е транспарентна и посветена на брз урбан развој на Градот Скопје.

Во Скопје јасно се гледаат новите стандарди во квалитетот на изградбата и обновата на градските улици и булевари, на уредувањето на јавните површини и на подигнувањето на ново зеленило, толку потребно за здрав живот на граѓаните.

Скопјани се сведоци на трансформацијата на нивниот град кон поубаво и похумано место за живеење. Таа реалност не може да ја искривоколчат лажни вести и измислени афери што јалово се пласираат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ колку само да го пополнат медиумскиот простор, без никаква одговорност кон граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега