Градот кој излегува на две мориња нема да ве остави рамнодушни, а токму таму се наоѓа и една од најубавите европски плажи

Фетије се наоѓа на идеална локација, а поради тоа што има излез и на Средоземно и на Егејско море е исклучително привлечен.

Во близина се наоѓа и една од најубавите плажи на планетата Земја.

На самиот врв на листата на најубавите плажи на светот се наоѓа и плажата Олудениз која што се простира на околу три километри.

Токму тоа е причината поради која што многу од туристите одлучуваат да летуваат во местото Фетије кое што излегува и на Егејско и на Средоземно море.

До плажата може да се стигне со локален автобус. Инаку, Олудениз е плажа која што е позната и по гребенот кој што се наоѓа на еден од нејзините краеви.

Летување за паметење

Освен по остатоците од тврдината, која што во текот на 15-ти век на ова подрачје ја изградиле витезите од Родос, Фетије е познат и по бројните споменици од добата на хеленизмот, но и римските владетели.

Освен тоа, ова летувалиште секоја година го посетуваат сè поголем број на туристи, можеби токму поради плажите кои што не само што се најубави во Турција туку и во целиот Медитеран.

Најблискиот аеродром е оддалечен на околу 60 километри од градот.

Фетије се смета за одлична локација за љубителите на параглајдерство со оглед на тоа што таму има поволни временски услови за тоа. Климата во градот е пријатна, а сезоната трае долго..

Сепак, плажата Олудениз во однос на Сината лагуна која што е дел од истоимениот национален парк, едно од основните обележја на ова летувалиште.

Во неа постојат бројни содржини за туристите, а освен традиционалните турски базари, хотелски комплекси, кафулиња и ресторани има и доволно дискотеки за оние кои што сакаат да се забавуваат навечер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега