Граѓаните се плашат од нов бран - коронавирусот што циркулира во Србија е поагресивен од тој што беше во Италија

Италија се плаши од нов бран на Ковид-19 во источноевропските земји затоа што некои од нив, како Романија, се членка на Европската унија, додека во другите што не се членки на ЕУ, како што е Србија, е дозволен влез на територијата на Италија, наведува весникот „Република“.

Италија, каде епидемиолошката крива постојано опаѓа, со загриженост го следи тоа што се случува надвор од нејзините граници, особено на Балканот, каде бројот на случаи во последните две недели постојано расте, пишува италијанскиот весник.

Претседателот на италијанскиот регион Венето вчера на прес-конференција рече дека тестирањето покажало дека коронавирусот што циркулира во Србија е поагресивен од тој што е познат во Италија.

Мутацијата на коронавирусот што циркулира низ Србија не ни е позната. Тестовите покажаа дека четворица позитивни пациенти кои стапиле во контакт со вирусот во Србија, имаат големо вирусно оптоварување – рече Заја.

Неодамна, Венето се соочи со ново жариште на вирусот, бидејќи менаџер од Виченца, кој бил во Србија, двајца негови колеги и едно лице од Падова, имале контакт со вирусот, кој италијанските медиуми го нарекуваат „српски“, но Заја наведува дека ситуацијата во таа област е под контрола.

На почетокот на јули, италијанскиот весник „Месаџеро“ објави дека Балканот се соочува со нов напад на коронавирусот и зголемување на бројот на нови случаи по периодот на постојан пад на нови случаи.

Италија забранува влез на нејзината територија од 13 земји, вклучувајќи ја Црна Гора и Македонија, а Србија е меѓу не-шенген земјите на кои им е дозволено да влезат во Италија, но со задолжителна 14-дневна изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа