Грчева: Постои ли било каква контрола во оваа држава?

Политичката партија Глас за Македонија изнесениот акциски план за борба со корупцијата од страна на министерот Љупчо Николовски, го оценува како „нецелосен, манипулативен и нецелисходен“.

„Кај нас корупцијата започнува во партиите кои предолго практикуваат власт и ги заробуваат јавните институции. Токму јавните институции, најавнати од партиски директори и луѓе, се најголемиот извор на коруптивни, непотребни и партиски вработувања, но и на наместени тендери. Не постојат конкретни решенија како да се ослободиме од наместените тендери и како ќе се стави крај на аплицирање за тендери на фирми блиски до власта“, истакнуваат од партијата.

Според оценката од партијата не постои јасно разграничување на мерките против корупцијата во администрацијата и во правосудниот систем, двата како што велат најкорумпирани системи.

„Што е со дивеењето во банкарскиот сектор? Постои ли овде воопшто контролата од Народната банка? Што е со дивеењето на цените во приватните болници за време на кризната состојба? Што е со коруптивниот Изборен законик?“, прашуваат од Глас за Македонија.

„Ова е само една урнебес салата, во која има надробено од се по нешто, за на крајот да не се направи баш ништо“, велат од оваа партија.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа