Гувернерот на Бејрут скршен, се раплака пред новинарите: „Ова е национална катастрофа, изгледа како Хирошима и Нагасаки“ (ВИДЕО):

 

Либанскиот Бејрут беше погоден од неколку силни експлозии, а според информациите на локалниот Црвен крст, загинаа најмалку 70 лица.

Болниците се преполни, сите служби се на терен, а целата ситуација го погоди и гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, кој се расплака пред новинарите.

Додека околу него можеше да се види чад и рушевини, Абуд ја спореди катастрофата со нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.

Иако се претпставува дека експлозијата се случила во магацин за експлозивни материи на пристаништето, точната причина сè уште не е позната. Абуд потврди дека избувнал пожар и дека пожарникарите кои дошле да го изгаснат тогаш исчезнале.

"Ги бараме, 10 од нив се исчезнати во моментов. Се изгледа како што се случило во Јапонија, Хирошима и Нагасаки. Ме потсетува на тоа. Никогаш не сум видел такво уништување во целиот мој живот. Ова е национална катастрофа", рече тој низ солзи.

За потсетување, најпрвин се слушнала малудар, после пет минути се појавил црно-бел чад. После тоа, одекнала силнаексплозија и црвениот чад почнал да расте. Дури и на неколку километри оддалеченост, стаклата на излозите во во многу насели се искршени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа