Хакирана позната руска банка

 

ВТБ соопшти дека и покрај хакерскиот напад податоците на клиентите остануваат безбедни.

Државната ВТБ нападната со ДДоС од странство.

– Технолошката инфраструктура на банката е под невиден сајбер напад од странство. Најголем не само годинава, туку и во целото време на работење на банката, се наведува во соопштението на ВТБ.

Руските владини субјекти и државните компании се цел на хакерски напади поради инвазијата врз Украина. Претходно хакирани беа интернет-страниците на Кремљ, на авиокомпанијата Аерофлот, на Сбербанк и други. Хакерите, исто така, го одложија почетокот на говорот на претседателот Владимир Путин на главниот руски економски форум претходно оваа годинаБанката ВТБ, втора по големина во Русија денеска беше цел на хакерски напад поради што е отежнат пристапот до нејзината мобилна апликација и веб-страница.

06.12.2022 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа