Хасани: Модуларната болница се полни, ако нема места во болниците ќе се воведува карантин

Со забрзано темпо се полни модуларната болница за болни од ковид-19, покажуваат информациите од терен, пренесува Плусинфо.

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани најави дека, доколку и таму се пополни капацитетот, решението ќе се бара во другите болници, а доколку и тие се пополнат можно е воведување карантин.

Модуларната болница има капацитет од 70 кревети, а дел од нив веќе се пополнети. Лекарите повикуваат на почитување на мерките, за кои Хасани смета дека се адекватни на бројот на заразени. Дали ќе има нови, ќе зависи од ситуацијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега