И бугарски медиуми очекуваат Заев да состави влада

„Јас сум многу среќен за сите историски одлуки што сме ги донеле, за решавање на проблемот со Бугарија и проблемот со Грција“ ова е дел од изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев што ја пренесуваат бугарски медиуми под наслов „Верувам во идна влада без проблеми со Бугарија“, пренесува „Експрес.мк

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесува БГНЕС, најави дека неговата партија денес ќе ги започне средбите и разговорите со другите партии и е уверен дека ќе може да формира стабилна и успешна влада со четиригодишен мандат зашто такви се бројките.

„Вториот аргумент е мое лично убедување во успехот на оваа влада во услови кога немаме проблем со Грција, немаме проблем со Бугарија а на внатрешно ниво Македонците, Албанците и сите други заедници ги надминавме најголемите проблеми што ги влечеме од минатото. Сега е време да работиме дома. Ова е мојот терен.

Зоран Заев повеќе нема да биде министер за надворешни работи, тој ќе има министер за надворешни работи “, рече Заев по конститутивната седница на парламентот, пренесува БГНЕС. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа