Идентификуван убиецот од Индијанаполис: 19-годишник уби 8 лица

Полицијата ја претресува зградата на Федекс во Индијанаполис и го претресе домот на осомничениот напаѓач барајќи мотив за последното масовно пукање кое ги потресе САД, во кое загинаа 8 лица.

 

Напаѓачот е идентификуван како 19-годишниот Брендон Скот Хол од Индијана, соопштија официјални лица за АП. Истражителите го претресувале домот на Хол во Индијанаполис при што се пронајдени докази, како што се компјутери и други електронски уреди, соопштија извори од полицијата без да прецизираат други детали.

 

Полицијата од Индијанаполис претходно соопшти дека се уште не е откриен мотивот на напаѓачот кој отвори оган од пушка во центар на Федекс во близина на аеродромот во Индијанаполис, во четвртокот доцна вечерта.

Според заменик шефот на полицијата Кред Мекарт напаѓачот отворил оган врз луѓето на паркингот а потоа влегол во зградата и продолжил да пука. Потоа внатре во зградата тој се самоубил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега