ИЈЗ: Голем дел од новозаболените од Ковид 19 се на возраст од 30 до 39 години

Во периодот од 6 до 12 јули новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42.3%) и во Тетово (8,9%). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

 

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години – 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега