Италијански доктор: „Чудно“ воспаление на белите дробови кружеше во Ломбардија уште во ноември (ВИДЕО)

„Чудно“ воспаление на белите дробови кружи во Италија уште во ноември, недели пред лекарите да станат весни за изивање на новиот коронавирус во Кина, изјавил еден од водечките медицинки експерти во Италија.

„Лекарите се сеќаваат дека виделе необична форма на пнеумонија, многу тешка, посебно кај постарите лица во декември, па дури и во ноември минатата година“ рекол Џузепе Ремуци, директор на институтот „Марио Негри“ во Милано во интервју за Национално јавно радио во САД.

Тоа значи дека вирусот циркулирал , барем во Ломбардија, и пред ние да бидеме свесни дека оваа епидемија се случува во Кина“ вели тој.

Оваа изјава доаѓа во време кога се уште трае потрагата по од каде потекнува коронавирусот.Кинескиот експерт за респираторни заболувања Зонг Наншан изјави претходно дека иако Кина била прва што го пријавила патогенот, сè уште не е сигурно од каде потекнува.

Др. Ремуци вели дека од итаијанските лекари слушнал неодамна, што значи дека постојал и се ширел без луѓето да знаат.

Италија досега има потврдено 63.000 случаи.

Во централниот кинески град Вухан, каде за прв пат е утврдена епидемијата, лекарите започнаа да забележуваат „пневмонија со непозната причина“ во декември. Првата позната зараза во градот може да се проследи до 1 декември.

Прв случај на зараза во Кина можело да биде и средина на ноември, но тоа не е потврдено од Пекинг.

Сегашното мислење на научната заедница е дека првата инфекција во Ломбардија е резултат на Италијанец во контакт со Кинези на крајот на јануари. Меѓутоа, ако се испостави дека новиот коронавирус - официјално познат како САРС-КоВ-2 - беше во оптек во Италија во ноември, тогаш таа теорија ќе биде доведена во прашање

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега