Ивановска: Сите активности треба да одат во иста насока кон расчистување со корупцијата

Стратегијата е многу важен документ дотолку повеќе што со новиот Закон за спречување на корупуција и судир на интереси е дадено посебно значење на стратегијата и тоа усвојување од страна на Собранието, со тоа Националната стратегија добива на тежина и станува повеќе прифатлива за сите чинители во општеството. Она што го презема Владата како акционен план и мерки е во насока на подобрување на капацитетите на институциите кои треба да бидат чинители да ја спроведат во дело Националната стратегија, изјави  претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

-Борбата против корупцијата е многу тешка и голема борба во која треба да се вклучат сите страни, така што сите активности треба да одат во иста насока, односно кон расчистување со корупцијата, вели Ивановска во гостувањето на Утрински брифинг,

Таа изрази задоволство од расправата во комисиите во Собранието, оценувајкќи ја многу конструктивна.

-Имаше забелешки, но сите беа согласни со утврдените состојби во Стратегијата и со мерките и активностите кои се предложени. Стратегијата се правеше на транспарентен начин, состојбите се детектирани и тоа е она што ја прави Стратегијата прифатлива од самите институции, вели Ивановска.

Таа нагласи дека Комисијата е во комуникација со институциите и  треба да го следи остварувањето на тие активности. Посочи дека од Комисијата за политички систем, им било кажано дека на крајот од годината ќе има и надзорна расправа за тоа како течело остварувањето на активностите и да се даде отчет, затоа што подвлекува таа, ова е контуниуиран процес.

-Чувствуваме дека постојат промени, но јас ќе повторам дека се се движи многу бавно. Улогата на ДКСК е превентивна, да ги согледува системските слабости и да дава укажувања и преопарики. До сега имаме дадено многу препораки, но многу малку е постапено по истите. Деветнаесет закони се истражени, откриени се ранливите точки но не е променет ниту еден закон. За да се надминат овие состојби треба да се сврти и вториот дел од стратегијата, а тоа е акцискиот план каде што се предвидени активностите за надминување на овие состојби, вели Ивановска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега