Избегнете ги овие улици- утре нов протсет во Скопје- посебен режим на сообраќај
Утре со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, Собрание на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на бул. „Илинден“, соопштувата од МВР.
Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:
- ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа