Изгаснат пожарот на автопатот Тетово - Гостивар
Надлежните власти информираат дека е локализиран пожарот којшто избувна покрај автопатот Тетово-Гостивар. Тој бил изгаснат во 17.30 часот.
Како што информиравме претходно, покрај автопатот гореше сува трева, а на местото на настанот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило. Пожарот започнал во 16.55 часот. На надлежните им биле потребни околу 35 минути, за да го локализираат истиот.
25.07.2023 - 18:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа