Јорданов: ОМД симпозиумот ќе претстави теми - како да ја направиме Македонија поубава држава заедно со сите млади
Гордан Јорданов, директор на ОМД за Македонија, денеска на брифинг со новинарите, соопшти дека на симпозиумот ќе бидат претставени теми за младите, жените, руралните средини, потенцијалите на државата.
-ОМД симпозиумот ќе претстави неколку теми, каде што ќе пробаме да дадеме акцент на младите, на жените и како треба да се постапува со нив и како Македонија да ја направиме поубава држава заедно со сите млади. Ќе спомнеме за руралните средини и потенцијалите кои што Македонија ги нуди со сите свои природни убавини, како и неколку други теми за тоа каде се наоѓаме како држава на глобално ниво, но исто така и сите начини за едукација, инвестиции и пензионирање во Македонија, рече Јорданов.
Дел од симпозиумот, како што најави, ќе биде и промоција на книги од членови од дијаспората, како и завршен настан за Програмата наменета за студенти „Родум од Македонија“, во која оваа година учествуваат 11 студенти од Америка, Канада, Австралија и Босна и Херцеговина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа