ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дали водата во Скопје е безбедна за пиење

Неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ покажува дека водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.07.2021 до 09.07.2021 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП „Водовод и канализација“. 

15.07.2021 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа