Кај 27-годишник зачука ново донирано срце – втора трансплантација на срце во историјата на Македонија (ФОТО)

Извршена е втората трансплантација срце во историјата на Македонија на клиниката за кардиохирургија.

Срцето го доби 27-годишно момче, а операцијата заврши рано изутрината во 03:33 часот.

-Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објавувајќи фотографии од операцијата.

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација...

Posted by Венко Филипче on Saturday, 17 April 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2021 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега