Карамбол кај Катланово: Повредени 8 мигранти, двајца полицајци и возач

МВР информира дека вчера на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Катланово, скопско, М.М.(24) од с.Идризово, скопско, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници.

Како што објави МВР, со тешки телесни повреди се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои ги превезувал во возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид бил извршен и ќе биде поднесена соодветна пријава.

28.09.2022 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега