Катица Јанева однесена во затворот „Идризово”

Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде треба да ја одлежи затворската казна за случајот „Рекет“, потврди за „А1ОН“ нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

„Спроведена е во ‘Идризово’ без упатен акт, што сметаме дека е спротивно на Законот за кривична постапка. Ќе поднесеме вонреден правен лек до Врховниот суд“, вели Фрчкоска за „А1он“.

 

Јанева е осудена на седум години затвор. Скопска Апелација ја потврди казната. Таа од изрекувањето на првостепената пресуда па до сега, беше во домашен притвор поради опасност од бегство. Вчера во ‘Идризово’ беше спроведен и Бојан Јовановски, кој доби деветгодишна затворска казна.

23.07.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа