Кичевчанец заразен со ковид-19 почина на пат кон Инфективна болница

Во последните 24 часа починале четири лица заразени со Ковид-19, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево, соопштуваат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години.

Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал.

Во Општата болница Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст, а во Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на возраст од 72 години, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица и 135 новозаразени со коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега