Ким Кардашијан сакаше да се пофали со облините и да изгледа секси, но сега сите и се смеат (ФОТО)

Ким Кардашијан во вторникот уште еднаш ги покажа своите облини, но следачите на Инстаграм без сомнение беа повеќе преокупирани со позадината или како што коментираа таблоидите, „она што изгледаше дека ѝ расте од главата“.

На фотографијата што ја сподели сестра ѝ Кортни како сеќавање на тропски одмор, Ким на себе има бикини во боја на бакар, но нејзиното несреќно позиционирање направи да изгледа како палма да се вкоренила во нејзината коса, пишуваат таблоидите.

Кортни ја икористи фотографијата од 40-годишна сестра за својата веб-страница „Пош“.

Фотографијата е направена за време на патувањето во егзотичните острови Туркс и Кајкос во јануари, кога Ким замина на „женско патување“ со нејзините сестри, во обид да го тргна умот од драмата во семејниот живот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега