Кинески град од 2 милиони жители под тотална блокада: Им снемува храна и лекови

Локалните власти на кинескиот град Тонгхуа се мета на критики поради лошиот одговор на порастот на бројот на заразени со вирусот Ковид-19. Граѓаните се бесни бидејќи во градот веќе се јавува недостиг на храна и лекови откако беше воведен т.н. „локдаун“.

Градот брои повеќе од 2 милиони жители, а неодамна се појавило жариште на коронавирусот, па поради тоа беа воведени остри рестриктивни мерки со цел да се спречи неговото ширење.

Во градот за еден месец се појавија повеќе од 190 случаи, а граѓаните сега очајнички се обидуваат да најдат храна, но и останати неопходни лекови.

Кинеската новинска агенција Синхуа јави дека 14 локални лидери на Комунистичката партија се сметаат за одговорни за лошата превенција на епимидејата.

Здравствената комисија во Тонгхуа започна нова фаза на тестирања на населението на коронавирус и тоа по трет пат од половината на јануари. Овој град стана популарна тема на кинеската социјална мрежа „Веибо“, посебно поради тоа што во градот има и недостиг на лекови.

Сепак, градските власти ги смируваат граѓаните и тврдат дека се е под контрола.

„Градот во овој момент има доволно резерви на основни намирници, а транспортните канали се отворени за да се исполнат основните потреби на граѓаните“, стои во официјалното соопштение на локалните власти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега