Колкави се шансите да се заразите доколку се возите со авион- доколку сте паничари овој текст е за вас

 

Шансите за зараза со коронавирус во текот на лет со авион се помали отколку да бидете погодени од гром, се наведува во анализата на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).

Во истражувањето што го објави ИАТА се наведува дека помеѓу јануари и јули оваа година се евидентирани само 44 случаи на коронавирусна инфекција, за кои се постојат сомнежи дека се пренесени во тек на летови.

Во исто време, во овој период летале 1,2 милијарди патници.

Поради тоа, ИАТА посочува дека шансите за зараза во текот на летот се исклучително мали, пишува „Индипендент“.

Од вкупно 44 случаи на зараза за време на летови, најмногу биле забележани на летот од Лондон до Ханој, кога 15 лица се заразиле на истиот лет. Покрај тоа, за време на летот од Сиднеј до Пет беа заразени 11 лица, а уште 16 на летот од грчкиот остров Занте до Кардиф во август годинава.

ИАТА тврди дека постојат повеќе безбедносни мерки против коронавирусот при летовите, вклучувајќи голем проток на воздух и употреба на болнички ХЕПА филтри овозможуваат помала можност за ширење на респираторни капки, од другите затворени средини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега