Комбинирајте ја со сос или месо: Трик со помош на кој палентата станува одлична ужинка и прилог за оброк
Ова нејверојатно е еден од најефтините, најбрзите, а и највкусните оброци кои може да ги подготвите.
Ништо полесно, а толку вкусно!
Подгответе палента на овој начин и послужете ја како прилог за ручек или ужинка со сирење, чили или сос од домати... Нема да погрешите за што и да се одлучите. Пробајте и потпечена палента со компири за вкусна вечера.
Состојки:
- половина килограм палента
- 100 гр. масло
- вода
- зачини
Подготовка:
Истурете вода во тенџере, посолете и оставете да проврие.
Додадете ја палентата и мешајте без престан, па посолете, ставете бибер и додадете зачини по желба.
Кога ќе стане кремаста, додадете масло, а потоа мешајте додека не биде сосема компактна.
Палентата оставете ја да се излади. Кога ќе се излади и зацврсти, пресечете ја во форма по желба. Тогаш загрејте малку масло во тавче, па пропржете ја додека не добие златна кора и не стане крцкава.
На здравје!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа