Комисијата за историски прашања денеска ќе открие за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас Бугарија.

По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите.

15.08.2022 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега