Коронавирусот не успеа да ги раздвои: Близнаците живеат во две држави и секоја сабота се наоѓаат точно на граница (ВИДЕО)

Секоја сабота, независно од временските условои близнаците Ола и Понтус (73) , секој на своја страна се среќаваат на границата која ги одвојува Норвешка и Шведска.

Си носат со себе столици, сндвичи и термоси , па добро расположени се сместуваат  секој на својата страна, без да ја поонат белата линија исцртана на патот.

- Не смееме да ја преминуваме границата. Јас морам да останам метар на моја страна, а тој на неговиот. Значи, оддалечени сме само два метра - објаснува Ола додека норвешките и шведските знамиња висеа на оградата на мостот  и се виореа на ветрот.

И не само тоа. Покрај неговите нозе има бела линија. Од една страна е напишано „Норге“, од друга „Сверие“.

Ола живее во Халден, на југоистокот на Норвешка, каде што одамна го однесе љубовта. Понтус е на половина час возење до оддалечениот шведски град Стромстад.

Тие живеат во две различни земји

Тие се идентични близнаци и секогаш се посетувале еднаш неделно. Пандемијата го спречи тоа и сега тие се состануваат на стариот мост Свинсунд кој го премостува фјордот меѓу двете земји. На мостот, со два метра и една граница на физичко растојание, тие го прославија својот 72 и 73 роденден на 20 април.

- Ова е многу невообичаено, но ние сме навикнати да се гледаме еднаш неделно и не сакавме да го запреме тоа. Пандемијата не нѐ запре и тоа е нашата победа - вели Понтус од шведска страна.

Иако состојбата со вирусот се менуваше со текот на времето, границата останува затворена цело време. Ова особено лути многу Норвежани кои имаат колиби во Шведска, каде животот е поевтин.

Двајца господа со сива брада станаа и локални ѕвезди, па некои дури и возат со часови за да се фотографираат со нив.

- Топа не ни е важно, важно ни е да можеме да се сретнеме и да разговараме за што сакаме - вели Ола.

Заради нивниот привилегиран статус, двајцата повремено се наоѓаа во улога на добронамерни шверцери, како на пример, денот кога едно кутре Понтус, родено во Шведска, беше додадено преку границата на Оли за неговото ново семејство во Норвешка. Тоа им е омилено сеќавање, велат тие.

За време на пандемијата, тие го пропуштија својот неделен состанок само три пати и тоа поради тврдоглавата полиција која не сакала да ги пушти на мостот. Временските услови, од снежни бури до топли бранови, не се пречка за нив. Само се прилагодуваат според метеоролошката состојба. Понтус е разведен, живее сам и за него е многу важно да го види Ола.

„Без тоа, би паднал во депресија“, вели тој.

Дали му недостасува фактот дека не може да го прегрне својот брат?

- Да - одговара тој и заразно се смее - Но, понекогаш се прегрнувам сам себе си, затоа што сме исти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега