Коронавирусот однесе уште еден доктор: Почина Драган Спасески Охридски

По кратко боледување како последица на коронавирусот, вчера во Скопје почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и уметник Драган Спасески Охридски.

 

Доктор Драган Спасески е роден на 22 јуни 1960 година во Охрид, а завршил Медицински факултет во Скопје.

Инаку, бил голем поддржувач на уметноста и уметниците, што дури ги отворил вратите за уметниците во неговата галерија „Резонанца“ каде се реализирани бројни изложби. Исто така, тој е автор на бројни уметнички дела, кои биле излагани во земјата и странство, а автор е и на повеќе уникатни ентериери на хотели и угостителски објекти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега