Кумановка ограбена на автобуска постојка во Скопје

20-годишна кумановска била ограбена на автобуска постојка во Скопје, а крадецот е фатен од страна на полицијата.

-СВР Скопје- Единица за внатрешни работи Центар и БитПазарподнесе кривична пријава против Ф.С.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. На 15.10.2020 на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот на А.Р.(20) од Куманово ѝ го одзел мобилниот телефон, појаснуваат од полицијата.

 При извршување на делото, тој бил забележан од полициски службеник и веднаш бил лишен од слобода, а телефонот ѝ бил вратен на оштетената.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега